Се зголемуваат апетитите за градоначалник на Кавадарци!
Тројца независни кандидати за градоначаник веќе ја најавија кандидатурата за градоначалник на Кавадарци. Ќе имаат и независни советнички листи. Како се наближуваат изборите така се зголемуваат апетитите за татко на Кавадарци во период од четири години.
Денеска на прес конференција независна кандидатура најави поранешниот градоначалник на Кавадарци во периодот од 2000 до 2009 година, Панчо Минов. На изборите ќе учествува и со советничка листа, а ќе настапуваат под слоганот “За јако Кавадарци“
“Моето досегашно искуство и постигнати резултати ми даваат за право дека не трeба да кажувам што ќе направам туку резултатите кажуваат за мене. Мојот статус е опозиционен. Очекувам подршка од неопределените но и од сите членови на политичките партии. Со мојата кандидатура ќе се добие јак градоначалник за Кавадарци.“ рече Минов
Зоранчо Бојковски поранешен советник во кавадаречкиот совет исто така ќе учествува во градоначалничката трка.
“Основен мотив за моето кандидирање е моето чувство за локал патриотизам и можноста за огромна инвестициска лична корист за секој граѓанин. Нашата намера не е само да учествуваме на овие избори туку и да победиме. Очекувам јас да станам градоначалник и да освоиме 10 советнички места“ рече Бојковски.
Порано првиот лозар и поборник за лозарските права Борис Давидов се надева дека лозарите сега ќе му дадат подршка за да можел посилно да ги застапува од позиција на градоначалник. Давидов смета дека со добивањето на довербата од кавадарчани ќе го зајакне локалниот економски развој на општината, повторно заживување на занаетчиството, трговијата.
Ташо Радњански актуелен советник во кавадаречкиот совет од редовите на СДСМ, кој на овие избори ќе настапува со независна листа е исклучен од партијата. Денеска кавадаречките социјалдемократи ја образложија олдуката на Извршниот одбор за исклучување на Радњански.
“Донесена е едногласна одлука за исклучување и престанок на членството во СДСМ на советникот Ташо Радњански поради тешки повреди на статутот на СДСМ, односно кандидирање на независен кандидат без согласност на СДСМ, неплаќање на членарина иако имапотпишано договор пред нотар, непочутиување на одлуките и ставовите на органите на партијата и дејствување со лаги и манипулации низ членството со кое му нанесе штета на угледот на СДСМ“ беше речено на прес конференција на општинската организација на СДСМ Кавадарци.
Радњански не сакаше да ја коментира одлуката за негово исклучување од СДСМ само им посака среќа и успех на изборите на своите поранешни сопартијци.