Во понеделник лозарите на блокади!
Продажбата на винарската визба “Винеа“ ќе ги изнесе лозарите на улица.
Регионалното здружение од тиквешкиот регион “Агротиквешија“ денеска најави блокади во знак на притисок поради продажбата на визбата. “Винеа“ им остана должна 600 илјади евра на производителите на гројзе за откупеното грозје во 2009, 2010 и дел од 2012 година.
Во понеделник лозарите два часа, во периодот од 13 до 15 часот ќе ја блокираат клучката на излезот од Росоман кон Скопје, Прилеп и Кавадарци. За ваквата одлука веќе е информирано и Министерството за внатрешни работи.
“Блокадата на патните правци секојдневно во континуитет ќе се зголемува во времетраење до конечно решавање на овој случај. Чекаме кавадаречкиот суд да одговори на поднесениот приговор со кој ја оспоривме продажбата на винаријата“ рече Љупчо Аризанов.