Бизнисот од Тиквешијата во Регионална стопанска комора!
Бизнисмените од Тиквешкиот регион се организираа во регионална стопанска комора. Беше формирана денеска во Кавадарци, а е шеснаесетта во состав на Стопанската комора.
Митко Јанчев, сопственик на „Кожувчанка“ едногласно беше избран за претседател, а Никола Наумов од “Градба промет“ и Славчо Јорданов од “Ким“ се избрани за потпретседатели.
Според претседателот на СКМ, Бранко Азевски, Регионалната комора во Кавадарци е репер за тоа како треба да функционира бизнисот во цела држава.
“Во структурата на комапниите во овие четири општини се остварува 53% од БДП во производните активности, што е е силен репер за Македонија, бидјеќи вкупните бројки не се такви. И втор многу значаен момент е што 24% е извоз, а само 6-8% увоз . Значи има суфицит, кон што тежнееме и ние како комора, која заговара нов економски модел на развој. Тука има 4-5 компании кои што се гордост на македонскиот извоиз и треба да претставуваат пример за сите останати . Ќе застанеме зад нив затоа што СКМ ќе подржува успешни комапнии на кои се базира опстанокот и напередокот“ рече Азевски.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов го поздрави формирањето на регионална комора и искажа спремност локалната самоуправа да помага во застапувањето на стопанствениците но, и да учествува и помага во креирањето на услови за стопанисување.
Пред бизнисмените од Тиквешијата беше презентиран и предлог законот со кој се регулираат паричните обврски, закон за инвестиции и закон за гарантниот фонд. СКМ работела на финиширање на предлогот во кои ќе се содржеле и забелешките добиени од пониските ешалони на владата.
“Мислиме дека оваа година ќе помогнеме на стопанството во три значајни сегменти во делот на гарантниот фонд со кој што ќе се поттикне државната помош на компаниите, обезбедување на колатералот таму каде што неможат да го обезбедат посебно малите и средни претпријатија. Со законот за инвестициони активности ке им се помогне на компаниите кои што инвестираат со државна помош. И со законот за обезбедување на побарувањата да ја подобриме состојбата неликвидноста како три најзначајни проблеми кои што во овој момент ги мачат македонските компании. Тоа планираме да го заокружиме до шести месец годинава, а во втората половина од годината да се видат некои резултати“, нагласи Азевски.
Првиот човек на комората смета дека добредојдени се мерките на Владата за отпишување на каматите по основ на придонеси за поедини компании но дека во тој правец морало да се дејстува многу вимателно за да не се создади нерамноправност на пазарот, особено поради фактот што во земјава имало и странски инвеститори. / А.Д