Формирани избирачките одбори во Кавадарци!
Општинската изборна комисија Кавадарци без проблеми засега се подготвува за локалните избори закажани за 24 март. Формирани се сите 54 избирачки одбори и во моментов се доставуваат решенијата на членовите.
Претседателката на ОИК Кавадарци, Марија Јованова упати апел до сите вработени во државната и јавна администрација да проверат на огласната табла во општината дали се членови во некој избирачки одбор и доколку членуваат потревно е да се обратат во просториите на ОИК.
“Потребно е да донесат фотокопија од личлна карта и трансакциска сметка , да подигнат решение, да депонираат потпис и да потплнат изјава за заштита на личните податоци“ рече Јованова.
Сеуште тече рокот за советнички листи и кандидати за градоначалник. Во моментов до ОИК Кавадарци се доставени 3 независни кандидатури за градоначалник и 7 советничлки листи. Рокот истекува на 16 февруари./ А.Д