Започна неделата за борба против срцево-садовите заболувања!
Кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност во светот.
Со овие факти денеска ОО на Црвен Крст Кавадарци ја најави неделата за борба против срцевосадовите заболувања, која со низа активности ќе се одбележува до крајот на февруари.
Според пронозата, која е дел од презентацијата за овие заболувања изработена од Црвениот Крст на Македонија, до 2030 година скоро 23,6 милиони луѓе ќе починат од кардиоваскуларни заболувања, а најмногу од срцев удар.
“Се предвидува дека срцевосадовите заболувања ќе останат единствена водечка причина за смрт“ стои во презентацијата со која деновиве ќе се запознаат учениците од средните училишта во Кавадарци.
Превенцијата од кардиоваскуларни заболувања опфаќа откажување од цигари, правилна исхрана богата со витамини и минерали, испитување и регулирање на холестеролот и високиот крвен притисок. Исто така се советува за зголемена физичка активност, региулирањена тежината без нагло варирање, намален внес на алкохол и повеќе одмор и релаксациони прошетки во природа.
Во одбележувањето на неделата за борба против срцевосадовите заболувања се вклучуваат и младите волонтери на Црвен Крст Кавадарци кои исто така со своите активности ќе придонесат за поголема едукација на населението за промена на лошите навики и водење на здрав живот./ А.Д