Се зголеми бројот на заболени од грип во Кавадарци!
Рекорден број на заболени од грип се регистрирани последната недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
175 лица се евидентирани , со што од почетокот на сезоната досега од грип во Кавадарци се разболеле 571 лице. Педесетина лица повеќе од претходната недела се инфицирале со вирусот на грип.
“Нема потреба граѓаните да се паничат. Овој број е очекуван за овој период од годината. Променливото време го помага ширењето на грипот. Вкупниот број на заболени годинава е поголем споредено со минатата година во овој период, додека споредено со 2011 е помал. Тогаш биле регистрирани 1370 грипозни лица“ рече д-р Ристе Јованов , специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Тој инфомира дека кај болните е утврден вирус од типот А и Б, но засега ниеден случај не е во критична состојба. За очекување е бројот на заболени од грип да се зголемува и во март, бидејќи се најавува продолжување на променливото време./ A.Д

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.