Отпор:“Комуналец неосновано наплаќа стари долгови“
Активисти на опозицијата денеска излегоа на протест пред административните простории на ЈП Комуналец Кавадарци.
Обвинија дека неосновано им се зголемувале сметките за вода и ѓубрарина на граѓаните и покрај тоа што претпријатието имало добивка од 700 илјади евра.
“ Овие институции се генератори на создавањето на кризата во Македонија и ненанменското трошење на парите на граѓаните. Наплаќаат застарени сметки, а водата за пиење ни е заматена. Граѓаните ги делат од прв и втор ред. Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ плќаат по 150 денари, а останатите над 500 денари. Се покачи цената на водата за пиење. Ѓубрарина се плаќа по квадратура, наместо по лице во фамилијата. Во буџетот имаат 40 милиони денари добивка или 700 илјади евра. Поделија 13 плата. Зошто не ја намалат цената на водата за 20-30 отсто? Од овие институции добиваме само високи сметки и наплата на стари долгови. Затоа бараме предвремени избори да ја срушиме оваа власт и да ги решаваме проблемите. Не сме против врабтоените во овие претпријатија . Со промена на власта ќе ги решаваме и нивните проблеми“ рече на денешниот протест пред Комуналец Бранко Шемов, член на извршниот одбор на СДСМ Кавадарци.
Отпорашите најавија продолжување на протестите и во наредните денови. / А.Д