ВМРО-ДПМНЕ: “Блокадите на институциите од СДСМ ги попречуваат граѓаните“!
На тридневните протиести и блокади од опозицијата на јавни и државни институции во Кавадарци денеска реагираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
Рекоа дека ваквиот потег на СДСМ е крајно недолично и неодговорно однесување.
“Со блокирање на влезовите на овие институции, го попречуваат нормалното функционирање наинституциите ве спречуваат Вам – граѓаните на општина Кавадарци во извршување на вашите секојдневни работни потреби. СДСМ со нивните внатре партиски проблеми и нивниот се посигурен распад со се помало бројно членство, кое секојдневно ги напушта заедно со нивната безидејност и деструктивност, можат слободно да ги задржат внатре во нивните партиски штабови, а не преку секојденвни бесцелни протести и блокади на локалните и државните институции“ рече Андон Лазаров, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
Тој им порача на социјалдемократите наместо да го трошеле времето на таков начин да почнеле да прават нешта кои ќе биле од интерес за секој граѓанин на Кавадарци.
“Со ваквото однесување на СДСМ се прави директна штета на граѓаните на општината, на вработените во институциите, на општината и на имиџот на државата“ рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. / А.Д