Нова црква ќе се гради на Тиквешко Езеро!
Во населбата “Брушани“ на Тиквешкото Езеро денеска беше поставен и осветен камен темелник на црква.
Сопствениците на викендици на овој дел од езерото и ја посветуваат на Света Недела. На чинот на осветување на темелите присуствуваа голем број верници, а осветувањето го изврши Митрополитот на Повардарската епархија, г.Агатангел.
“Преку лето сме најчесто овде. Убаво е да се изгради црквата, затоа што убавините на езерото ќе се надополнат и со верски храм“ рекоа жителите, сопственици на викенд куќи во населбата “Брушани“.
Црквата ќе се гради со помош и подршка на Коле Ристов со фамилијата и со донации од месното население.
Покрај Полошкиот манастир посветен на Свети Ѓорѓи, изградена е црква посветена на Свети Илија во населбата Голеш, а сега и Брушани ќе добие свој верски објект. / А.Д