Китев: “ДПМНЕ ги манипулира лозарите“!
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од опозицијата, Бетиан Китев на прес конференција обвини дека власта лажно се декларирала дека ги помага земјоделците.
“На лозарите и на сите земјоделци им ветуваше ридови и долини а парите од буџетот на граѓаните одеа исклучиво кај нивните партијски послушници. Лозарите и овојпат останаа само со маката и бедата. Истите лицемери дојдоа за денот на закројување на лозјата, со истата празна книга под мишка, со куп измислици, а во градот по скарите уживаа јадејќи и пиејќи од убавите тиквешки вина направени од грозјето кое го откупија по бедни цени а сеуште не го исплатија родот. Луѓето се згрозени, огорчени, разочарани и исплашени. Се прашуваат кој ќе ги заштити од политичката земјоделска мафија? Нема каде да се жалат, државата е метастазирана, институциите не функционираат.ДПМНЕ-овците на лозарите им даваат два денари а им земаат пет денари. Ете такви се дпмне-овските субвенции. Сведоци сме на невидена политичка и ментална подлост. Соочени сме со највалкана политичка манипулација со вокабулар под секое човечко достоинство“ рече Китев и најави дека ако ја доебиеле подршката ќе ја спречеле таквата пракса, а лозарите ќе ја добиеле вистинската пазарна цена за нивните производи.
“Земјата ќе биде само на земјоделците. Земјоделците ќе ја имаат целосната наша подршка. Вашиот глас за нас ќе претставува наша обврска број еден. Лагите на дпмне-овците не поминуваат повеќе кај граѓаните“ нагласи Китев. / A.Д