Обид за кражба од црквата во Кавадарци!
Објавено на 18 март, 2013 во 15:29
Бруска и кабел се обидел да украде од црквата во изградба „Света Петка“ во Кавадарци, триесет и двегодишниот В.В од Кавадарци. Разбојникот со секира му се заканил на чуварот и побегнал со пленот.
Веднаш била известена полицијата во Кавадарци и разбојникот е фатен во близина на реката „Луда Мара“, на само 200 метри од црквата.
Од СВР Велес информираа дека украдените предмети биле одземени од крадецот и вратени во црквата, а против разбојникот ќе биде поднесена соодветна пријава./ А.Д