Премиерот ја пушти во употреба спортската сала во кавадаречко училиште!
ООУ „Димката Ангелов Габерот во Кавадарци денеска и официјално ја доби новата спортска сала. Лично премиерот Никола Груевски попладнево, заедно со министерот за образование Панче Кралев и кандидатот за градоначалник на Кавадарци Александар Панов ја предаде во употреба.
„ Ова сала беше дел од ветувањата на владата и со подршка на градоначалникот успеавме брзо и ефикасно да ја завршиме,така што денеска е пуштена во употреба и учениците од ова основно училиште ќе можат да ја користат во нивните секојдневни активности, а исто така ќе можат да ја користат и граѓани- рекреативци и спротски клубови во време кога нема часови по физичко воспитување. Ова е втора спортска сала што ја пуштаме овде. Веќе една е пуштена во СОЗШУ „Ѓорче петров“ и следната недела почнуваме со градба на трета спортска сала, овде во Кавадарци, од вкупно предвидените четири. Така да една завршуваме, друга почнуваме и си го исполнуваме тоа што е ветено.“ рече во изјава за медиумите Груевски,
Министерот за образование Панче Кралев рече дека ова сала е дел од проектот на Владата и министерството за изградба на 145 спортски сали. Опремена е со најсовремена спортска опрема, а е со вкупна површина од 650м2.
„Делата со нашиот премиер се огромни. Градевме и ќе продолжиме да градиме за поубава општина“ рече меѓу другото актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Александар Панов./ A.Д