Сообраќајка со бандера!
Возило марка „Голф“ ноќеска удри во бандера пред ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа. Краток електричен спој предизвика пожар на каблите на кабелската телевизија и на Телеком.
Жителите од околните куќи беа испаничени дека можно е да се случи голема катастрофа бидејќи опожарените кабли не ги изгасна ниту силниот дожд, а тие беа во непосредна близина на куќите. Екипа на ЕВН ја исклучи струјата после еден час. Противпожарно возило пристигна веднаш по пријавата, а кавадаречката полиција го бараше возилото кое ја скрши бандерата.
Од полицијата велат дека се бара возилото што учествуваше во оваа сообраќајка и дека официјални податоци ќе соопштат по завршувањето на истражните дејствија.
Екипи на ЕВН денеска работеа на санирање на направената штета. Ваташани неколку часа останаа без електрична енергија./ А.Д