Интернационална средба на ротаријанците и потпишан договор за соработка!
Ротари клубовите од Кавадарци и Петрич-Бугарија потпишаа повелба за соработка. Тоа се случи по повод одбележувањето на петтиот роденден на кавадаречкиот ротари клуб.
„Со потпишување на оваа Повелба членовите на двата клуба ја покажаа својата висока етичка зрелост, желба и креација, а со самото тоа ги потврдија и принципите и постулатите на Ротаријанството, за пријателство, разбирање и добра воља за заедничко остварување на проекти од хуманитарен и добротворен карактер. Со Повелбата се надминаа и границите и политиките на нашите општества “ рече претседателот на ротари клуб Кавадарци Герасим Кујунџиев.
Тој информира дека како и во овие пет години ќе продолжат со проекти за помош во заедницата. Доесега во неколку наврати донираа медицинска опрема за потребите на детското одделение и останатите оддели во кавадаречката болница. Во соработка со ротари клуб од Англија беше набавено и противпожарно возило за кавадаречката противпожарна единица. Се донираше и во училиштата и градинките. Со сите овие донаторски акции, ротари клуб Кавадарци во целост ја исполни основната одредница на ротаријанството, хуманоста.
Во Ротари клуб Кавадарци членуваат претставници речиси од сите водечки компании во општината. / А.Д