Кривична пријава за двајца разбојници!
Објавено на 17 април, 2013 во 12:01
Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против 32 годишниот В.В и 27 годишниот И.В, двајцата од Кавадарци поради извршено разбојништво во црквата Света Петка која се гради во Кавадарци.
Како што рекоа од полицијата, двајцата пријавени, разбојништвото го извршиле ноќта помеѓу 14 и 15 март годинава. Отишле во дворот на црквата во изградба. В.В со секира му се заканувал на чуварот, 63 годишниот А.А, а за тоа време второ пријавениот И.В, од објектот одземал електричен кабел, секира, рачна количка и брусалка. Со тоа и причиниле материјална штета на градежната фирма „Градба Промет“ во вкупен износ од 18.000 денари./ А.Д