Фото вест: Тиквешко поплави викендички!
Објавено на 19 април, 2013 во 08:47
Викенд куќите изградени на брегот на Тиквешкото Езеро се под вода.
Интензивните врнежи од дожд во изминатиот период беа причина да се зголеми нивото на езерото. Неколку дена имаше и прелив на водата во преливната шахта на езерото.
Од Водостопанство Тиквеш информираа дека нивото се стабилизира и нема повеќе прелив на вода.