Суспендиран лекар од брзата помош во Кавадарци!
„Се бркаат од работа доктори кои се искусни, со триесет години работен стаж, а се примаат лажни доктори“ реагираше денеска д-р Драган Димитров, лекар вработен во кавадаречкиот Здравствен дом бидејќи бил суспендиран од работа на неопределено време.
Се сомнева дека одлуката за негово суспендирање била донесена поради сомнеж дека тој го обелоденил случајот со лажната докторка во Кавадарци.
„ Мобингот врз мене трае од поодамна а се интензивира деновиве. За мобинг имам пријавено кај народниот правобранител. Прво необично некој ми го заклучи шкафот во кој ми остана факсимилот а потоа ме суспендираа заради тоа што работам со стар факсимил. Ме суспендираат мене со 30 годишно работно искуство и 4 години пред пензија а неодамна примија докторка без диплома. Денес се пожалив по втор пат во министерството. Очекувам да бидам вратен на работа во најскоро време“ се пожали д-р Димитров. Кажа дека во минатото бил и началник на итната помош во Кавадарци.
Директорот на Здравствен дом, д-р Љупчо Јаневски ги отфрли обвинувањата на д-р Димитров. Одлуката за негово суспендирање немала никаква врска со лажната докторка, туку била донесена поради сосема други причини./ А.Д