Внимателно за претстојните празници!
Првомајските и велигденските празници се пред нас. Многу граѓани ги напуштаат своите домови, а се полнат и излетничките места, каде се консумира алкохол. Поради можните кражби и нарушување на јавниот ред и мир кавадаречката полиција со апел до граѓаните, да посветат поголемо внимание за заштита на сопствениот имот, личната безбедност и безбедноста на другите.
Исто така се аплира возачите да се воздржуваат од консумирање на алкохол и да не ги управуваат возилата во алкохолизирана состојба.
Полицијата потсетува дека сите граѓани се должни како секогаш да се придржуваат и да ги почитуваат позитивните законски регулативи од сите области.
„За сите девијантни и незаконити однесувања, полициската станица од општа надлежност Кавадарци ќе ги превзема потребните мерки и активности за санкционирање на истите, согласно своите законски надлежности и овластувања“ стои во обраќањето на полицијата./ А.Д