Агатангел: „Иднината на нашата земја е младината“!
„Да си ја сочуваме нацијата од стареење, а на тој начин да ја сочуваме државата и црквата“ порача денеска Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел од Кавадарци.
Тој заедно со свештенослужители од Епархијата отслужи света литургија на втор ден Велигден во Црквата Свети Димитрија.
Владиката упати апел за повторно заживување на повеќедетните семејства.
„Иднината на нашата земја, на нашата држава, на нашата црква е младината. Ако ја изгубиме младината остануваме стара нација која ја чека пропаст. Затоа и светата црква се моли на спасителот наш Господ Исус Христос. Нашите млади мајки да раѓаат дечиња, да имаме подмладок во нашата држава за да можеме нацијата да си ја сочуваме, името и црквата. Секоја рожба е дар на татковината и на црквата. Бог промислчувза за секое дете. Оние повозрасните знаат дека биле по 4,5,6,7 некаде и 9 и 11 дечиња. Зарем мајката имала време да ги чува сите. Бог ги чува сите деца, верувајте драги мои! Бог не чува сите нас и тие ангеличиња. Секое дете е определено според божјата промисла, некој ќе биде лекар, владика свештеник, правник, секој според божјата промисла делува денеска во овој свет“ рече во својата проповед г.Агатангел.
Нагласи дека посебно бил радосен што младите се свртија кон црквата и се повеќе млади се одлучиле да постат./ А.Д