Во Тиквешијата зголемен интересот за наводнување на земјоделските култури!
Земјоделците решија поинтензивно од лани да ги наводнуваат земјоделските култури. Главна причина се климатските промени. Најавите за пеголна горештина, летово, ќе значи дека ќе треба континуирано полевање на лозјата. Повисоките температури деновиве исто така предизвикаа наводнување и во пролет.
Според техничкиот директор на јавното претпријатие Водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци Илија Темелковски во моментов интензивно се наводнуваат околу 1.000 хектари земјоделска површина.
-„На стартот на полевната сезона интерес за наводнување имаше кај градинарите, односно оние земјоделци кои произведуваа под пластеници но сега веќе се зголемува потребата од вода за наводнување и кај земјоделците кои одгледуваат житни култури и овошни насади.Исто така и за потребите на земјоделци кои засадиле рано градинарски култури или расадуваат расад за тутун како и иперки“, рече Темелковски.
Од претпријатието информира дека според побарувањата на земјоделците каналите за наводнување од системот биле полни со дваесет проценти вода. Инаку „Тиквеш“ има капацитет за наводнување на околу 9.000 хектари земјоделска површина а најголема потрошувачка има за време на лозарската сезона./Б.Н.Т