Поттик за граѓанската иницијатива во заедницата!

Објавено на 17 мај, 2013 во 13:00

Преставници на десеттина граѓански здруженија и неформални групи познати во градот по своите активности со кои се јакне демократскиот капацитет на локалната заедница денеска присуствуваа на промоцијата на проектот на УСАИД и ФООМ за конкурси за доделување на грантови.

Пред нив беа презентирани три вида на грантови: за поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, за граѓански организации во надгледувањ на властите и застапување засновано на истражувања и ад хок грантови за акции на граѓански организации или неформални групи.

Заинтересираните пријавите треба да ги испратат до 23 мај, годинава до Фондација отворено општество Македонија.

„Овој проект започна лани и ќе трае до август, 2014 година, го поддржува граѓанското општество и демократски реформи. Треба да ја поттикнат граѓанската иницијатива, да понуди нешто ново, тоа да бидат иновативни проекти, да понудат нешто ново и да ги мотивираат, поттикнат граѓаните во локалната заедница“.

Партнери во овој проектот на УСАИД и ФООМ се Младински образовен форум, Форум – центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор-истражување во акција./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.