Со спортски бон-тон и дружење до поголемо разбирање!
По 50 деца од Кавадарци и Росоман, од различни етнички заедници ќе играат фудбал, кошарка и ќе се забавуваат. Преку забава тие треба да го изградат својот спортски бон-тон и да ги развиваат меѓуетничките односи во локалната заедница.
Со Манифестацијата ќе се одржи на градксиот плоштад на 6 јуни, а децата децата ќе бидат дел од проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)” на Геостратешки институт “Глобал“.
Организаторот „Глобал“ се надева дека преку дружење, комуникација, размена на информација, младите ќе стекнат нови вредности, нови модели кои ќе афирмираат бон-тон. Ќе бидат одржани неколку работилници се со цел да се разговара за различностите кои што сепак нудат еднаквост како меѓу полова, така и меѓуетничка.
Менаџерот на овој проектот „Спортски бон-тон“, Иван Анастасовски вели дека идејата се создала пред неколку години.
„Како дел од Фудбалската Федерација на Македонија и нашите активности кои ги имавме со УЕФА, ни се наметна потребата да формираме здружение кое ќе работи на социјални програми подржани исклучиво од УЕФА. Така настана Геостратешки институт Глобал, кој има за цел глобално во светот на спортот да ги дружи младите и децата . Се обидуваме сите етнички социјални нивоа да ги држиме заедно. Градиме модел кој во иднина може да биде модел со кој ќе ги надминуваме сите негативности, не само во спортот туку и во други области. Систем, цврст модел кој преку игра,спорт, забава, цртање , децата ги учи дека треба да бидат едни со други, а не едни покрај други и ги учи како лутината да ја менаџираат и да можат да се справат со останатите кои се различни по вера или било по кој основ различни“ рече Анастасовски.
Проектот кој ќе ги обедини и едуцира младите е подржан и од амбасадата на САД но и од бизнис секторот.
„Ние како „Кожувчанка“ се вклучуваме со подршка во проектот. Ќе ги обезбедиме потребните реквизити за самата манифестација. Задоволство ни е што ова почнува од Кавадарци , голем настан кој понатаму ќе се развива“ рече во изјава за Дума.мк, сопственикот на „Кожувчанка“, Митко Јанчев.
Освен во Кавадарци и Росоман, оваа манифестација ќе се одржи во уште пет општини во земјава, Аеродром, Валандово, Дебар, Теарце и Центар Жупа.
Покровител на манифестацијата ќе биде претседателот на државата Ѓорѓе Иванов./ A.Д