И годинава во Кавадарци ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација!
200.000 денари општина Кавадарци издвои годинава од буџетот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Програмата предвидува да се дејствува во училиштата, детските градинки, јавните општински установи и други објекти во општината со цел спречување на заразни болести предизвикани од микроорганизми и штетници.
Заштита се извршува еднаш во текот на годината откако за тоа ќе дадат препорака од Центарот за јавно здравје Кавадарци, се наведува во програмата.
„Заради заштита на населението во општина Кавадарци од заразни болести и штетници, потребно е превземање соодветни мерки и во текот на оваа година. Со планираните активности во оваа програма ќе се зачува животната средина и здравјето на луѓето. Досегашните третирања ги дадоа очекуваните резултати. Намалено е размножувањето на глодарите“ велат од општината.
Како главен простор каде се овозможува развој и размножување на пренесувачите на заразни болести, алаергиски реакции и други штетни последици по здравјето на граѓаните се канализационите подземни системи со придружните објекти. Тоа е средина за интензивен развој на глодарите. Исто така глодарите и инсектите се разможуваат и во градските и селските средини, зелените површини и јавните институции.