Електричните празнења вчера направија штети!
Објавено на 5 јули, 2013 во 10:42
Невреме проследено со пороен дожд и силни електрични празнења го зафатија Кавадарци и околината вчера попладне. Дождот паѓаше повеќе од еден час.
Жителите од улицата „12 другари“ во селото Ваташа се пожалија дека најверојатно поради удар на гром, во близна на нивните куќи, им настрадале тв приемниците и останатата бела техника во домаќинството.
Прогнозата на метеоролозите е дека пороен дожд и грмежи ќе има и денеска попладне.