Кавадарчани најмногу пијат лекови за намалување крвен притисок, намалување на мастите и антидепресиви
Многу пари од семејните буџети кавадарчани издвојуваат за лекови. Во аптеките најчесто трошат пари за да си ја набават хроничната терапија. Најголем е бројот на оние кои ги лекуваат здравствените проблеми поврзани со срцето, покачениот крвен притисок, зголеменото ниво на маснотии во крвта, ансиозно депресивно растројство, проблеми со циркулацијата и покачен шеќер во крвта.
И лекарите велат дека се повеќе кавадарчани добиваат хронична терапија за овие проблеми.
Бидејќи законските прописи не дозволуваат издавање на седативи и антибиотици без лекарски рецепт намалена е слободната продажба во аптеките на овие видови на лекови. Се повеќе тие се пијат по потреба и препорака од лекар, велат аптекарите.
„Во овој период од годината покрај редовната терапија на хронично болните се купуваат и аналгетици за ублажување на болки, таблети за смирување на тегобите во желудник, поради тоа што знаат пациентите да претерат со храна која потоа им создава киселини. Мултивитамините во овој период помлклу се бараат. Нив обично најмногу ги пијат кавадарчани во текот на пролетта“ велат аптекарите.
Пензионерите и најмногу купуваат лекови. Тие од пензијата трошат најмногу за лекови и за контрола на своето здравје.
“Еве ми ја препиша лекарката терапијата и морам да си ги купам лековите за цел месец. Еве видете, пијам едно ќесе со лекови. Ми одат многу пари за лекови ама мора, мора да се купат лековите за да преживееме уште неколку години“ ни рече една кавадарчанка која дојде во аптека по своите лекови.
Речиси и да нема аптека во градот која не работи добро. Најголемиот дел од нив работат со Фондот за здравство, а мал дел работат само на приватно. / А.Д