Стотина кавадарчани синоќа побарале помош на здравствениот пункт на плоштадот!
За полесно да се справат со топлотниот бран, кавадарчани од синоќа имат на располагање медицински пункт на градскиот плоштад. Здравствен дом Кавадарци излезе на терен за да им помага на граѓаните, на кои им треба медицинска помош додека траат тропските темпрератури. Здравствен пункт на градскиот плоштад работеше синоќа во периодот од 18 до 21 часот.
Како што информираа од Здравствен дом во овој период на пунктот, лекарска помош побарале стотина кавадарчани.
„Им се мереше крвниот притисок. Лекарите делеа медицински совети и препораки како полесно граѓаните, пред се постарите лица и хронично болни да се заштитат од топлотниот бран“рече д-р Никола Трендафилов, директор на Здравствен дом Кавадарци..
Тој нагласи дека здравствениот пункт ќе го има особено во пазарните денови се додека тоа го препорачува Министерството, но и додека временските услови, ја наметнуваат потребата од помош за граѓаните.
„Зголемена потреба од итна медицинска помош се уште нема, се реагира редовно на сите повици, но високите температури не ја исклучуваат можноста да биде зголемен бројот на повици“ , велат од Здравствен дом.