Прекин на вода и денеска во Кавадарци
Жителите од ниската зона на Кавадарци-исток во текот на денот ќе останат без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец – водовод, прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради реконструкција на главната линија.
Без вода до 14 часот, како што се наведува во соопштението од Комуналец, ќе бидат жителите од улиците „Крсте Мисирков“, „Струшка“, „Елпида Караманди“ и други улици од источната ниска зона.
Поради горештините и зголемената потрошувачка на водата за пиење во ноќните часови се намалува притисокот. Затоа без вода секоја вечер, во периодот од 02 до 05 часот, се жителите од високите делови на градот.
„Намалувањето на притисокот е со цел да се акумулира вода во резервоарите за наредниот ден за да има непречено и континуирано водоснабдување. Наши екипи работат паралелно и на реконструкција на водоводната линија која со вода ги снабдува жителите од висока зона запад. На оваа линија настана дефект поради кој неколку дена без вода беа жителите од западната висока зона. Работите со новата линија се завшрени вече скоро 50 отсто“./А.Д