Кавадарци во потрага по винскиот крал и кралица
Објавено на 21 август, 2013 во 10:21
Младите момчиња и девојки од Кавадарци ја имаат ексклузивната можност да бидат избрани за вински крал и кралица на Тиквешкиот Гроздобер. Манифестацијата има стопански, туристички и културен момент, а ќе се одржува во средината на септември. Во тек е пријавувањето на младите кои сакаат да дадат белег на гроздоберот.
На конкурсот можат да се пријават кандидати од женски и машки пол со навршени најмалку 16 години.
Откако ќе се изврши изборот, винскиот крал и кралица се главниот белег на манифестацијата посебно на Винскиот карневал кој има и меѓународен карактер.Годинава организаторот на Тиквешки Гроздобер, општина Кавадарци најавува атрактивни музички имиња кои ќе ги забавуваат гостите.