Заврши летниот камп на „Креактив“
Младинскиот центар „Креактив“ од Кавадарци, деновиве го реализира својот проект Летен Камп 2013 со поддршка на Мировниор Корпус и УСАИД програмата. Овој летен камп е трет по ред, а годинава се оддржа во Одмаралиштето Михајлово на планината Кожуф.
Креактив Летниот Камп беше реализиран со цел да им овозможи на младите од Кавадарци да се здобијат со нови вештини и знаења и да ги подготви за по активно делување во заедницата, за развој на нивниот личен и професионален живот.
На кампот учествуваа 24 млади кампери на возраст од 14 до 19 години, како и 9мина во организацискиот тим, во улога на млади лидери, фасилитатори и координатори. Во овој тим беа вклучени волонтери од Мировен Корпус, Европски волонтери од Латвија, Италија и Литванија, како и локални волонтери. Камперите разработуваа теми од областа на тимската работа и лидерство, професионален развој, родов развој и дискриминација, како и Избор за здрав начин на живеење.
Освен едукативниот дел, камперите имаа шанса да спортуваат, да се дружат и забавуваат, да стекнат нови пријателства, да се запознаат со неформална едукација, да ја изразат својата креативност и својот потенцијал низ различните активности што беја понудени за време на кампот.
Многумина од камперите изразија желба за понатамошна активност во Младинскиот Центар Креактив и понатамошна обука во делот на сопствениот интерес. Креактив е горд на младите од Кавадарци и на она што тие го поседуваат и на нивниот интерес и желба да бидат што по активни и повеќе продуктивни во сопствената заедница.
Како што велат од овој младински центар, нема да запрат со овој проект со завршувањето на Летниот Камп. На младите кампери ќе им биде овозможено да волонтираат во институции и организации по избор, како што се медиумски куќи, невладини и владини институции и ќе можат да се запознаат поблиску со видови на професии што ќе им помогне при нивнот избор во иднина за школување и едукација и сопствената професија, како и можност за волонтрање во Креактив и здобивање на практично искуство во делот на организирање и реализирање на проекти./А.Д