Моклишкиот и Полошкиот манастир вечерва ќе ги посетат илјадници верници од Тиквешко
Православните христијани ширум светот утре ќе го прослават големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат како Голема Богородица, а во предвечерието на овој празник црквите и манастирите се отворени за православните верници.
Вечерва во манастирот Свети Никола во Моклиште ќе се одржи традиционалната прослава. Ќе се отслужи литургија, а празнувањето продолжува и со општо народниот собир. Традиционално илјадници верници од Тиквешијата вечерва и утре ќе бидат во Моклиште над селото Ваташа. Во манастирот се дели манастирска вечера или овде верниците може да го вкусат познатото манастирско гравче.
Моклишкиот манастир се наоѓа на околу шест километри јужно од селото Ваташа по течението на реката Луда Мара. Точни податоци за неговата изградба нема на пишан документ, а се смета дека е изграден помеѓу 15 от и 16 от век, што го потврдува плочата поставена на северната страна на влезот во манастирот. Манастирот располага и со конак на два спрата по четири соби, а на секој спрат има по еден магацин. Манастирот Свети Никола е еднокорабна црква изградена еден дел од тесан и речен камен.
Празникот Голема Богородица се одбележува и во Полошкиот манастир Свети Ѓорѓи на Тиквешкото Езеро.
Овој празник е еден од 12-те најголеми христијански празници смета дека на овој ден Богородица, Мајката Божја преминала од овој на небескиот свет.
Богородица се смета за заштитник на децата, семејството и бремените жени. Во Македонија Македонската православна црква и православните христијани овој празник го славата со свети литургии и црковно-народни собири.
Од пред неколку години согласно законот за празниците во Македонија, Успение на Пресвета Богородица во државава се одбележува како државен празник и е неработен ден за верниците од православна вероисповед.