Познати добитниците на седмосептемвриска награда
Советот денеска едногласен околу годишните добитници на највисоката општинска наградата „7ми септември“ која се доделува како признание за посебен придонес на истакнати граѓани.
Годинешни добитници на ова високо општинско признание се Ѓорги Шемов ученик во гимназијата „Добри Даскалов“ поради освоени високи награди во истражувачка дејност на светската олимпијада во Америка, академскиот сликар Владимир Темков кој во изминатите триесет години ликовна дејност создаде многубројни дела, организираше изложби и ја промовираше општината дома и во странство и Музеј Галеријата за особени постигнувања во областа на културата и заштитата на културното наследство.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на свечена седница на Советот на општината која ќе се одржи на 7 ми септември, годинава./А.Д