Утврдени цените на локации за есенскиот панаѓур во Неготино
Советот на Неготино синоќа во рамки на шестата редовна седница ја усвои одлуката со која се утврдува надоместокот за користење на јавните површини за време на неготинскиот панаѓур.
За три дена во првата зона која опфаќа атрактивни места на градскиот плоштад, трговците кои сакаат да учествуваат на панаѓурот ќе треба да платат по 2.300 денари за метар должен. За метар должен исто така на градскиот плоштад но, во втора зона ќе се наплатува надомест од 1900 денари, а за трета зона надоместокот е 1700 денари. Пониски цени за поставување на тезги ќе се плаќа за локации во четврта, пета и шеста зона. Овде надоместокот е од 600 до 1300 денари за метар должен.
„Деловните субјекти со седиште во Неготино кои вршат продажба на мало на текстил, козметика, пластика и сл. Се ослободуваат од плаќање на надомест за тезги до 1 метар должен, а за тезги до 2 метри имаат обврска да платат по 700 денари, а за тезги над два метри должни за секој метар плус ќе се плаќа утврдениот надоместок за соодветните зони“ стои во одлуката.
Во неа се утврдува и вината на надоместокот за користење на паркинг места за време на панаѓурот, па тгака 50 денари дневно ќе се плаќа за паркирање на патнички моторни возила и по 100 денари за паркирање на комбинирани и товарни возила. Овој надоместок ќе го наплаќа ЈП Комуналец.
Утврдена е цената и на надоместокот за изложување на добиток на сточниот пазар и тоа по 200 денари дневно за грло крупен и 100 денари за ситен добиток./A.Д