„Винеа“ го исплаќа долгот кон лозарите
Винарската визба „Винеа“ деновиве интензивно работeла на исплата на застарените долгови кон лозаропроизводителите. Сопственикот на визбата, Горан Трајков денеска во телефонски разговор ни потврди дека во најголем дел обврските му се исполнети, а за најдоцна два дена ќе ги исплати долговите во целост.
Во изминативе денови исплатил околу 20 милиони денари побарувања од лозарите.
„Најодговорно тврдам дека обврските кои беа констатирани во записникот од Државниот инспекторат за земјоделство досега ги имам реализирано околу 80% .За еден два дена стопроцентно ќе го исплатам долгот кон лозарите со цел да ја вратам лиценцата за откуп на винско грозје и за работа на винаријата“ ни рече Трајков.
Тој посочи дека имал реакции од поедини лозари дека оставиле неактивни сметки и дека парите кои му биле уплатени за грозјето не можеле да ги подигнат. Се прават вакви грешки или слични грешки кои во од ќе ги решаваме, нагласува Трајков. Исто така според неговото кажување имале и лозари кои бараат наплата на долг од визбата иако грозјето го предале кај други откупувачи.