Високата зона на Кавадарци без вода за пиење поради дефект
Жителите од висока зона –запад во Кавадарци, селата Шивец, Возарци и Ваташа денеска се без вода за пиење. Екипи на ЈП Комуналец од утринава работат на отстранување на дефектот на главниот вентил.
„Очекуваме денеска до попладне жителите од посочените населени места да добијат вода за пиење“ рекоа од организациона единица Водовод при ЈП Комуналец Кавадарци.
Што се однесува до квалитетот на водоснабдувањето ова лето кавадарчани имаа редовно водоснабдување во најголем дел. Во повисоките делови од градот и во висококатниците повремено имаше намален притисок, но споредено со минатите години рестрикциите годинава ги немаше.
По целосната реализација на новиот проект за водоснабдување би требало градот Кавадарци и населените места да немаат воопшто проблем со водата за пиење и редовното снабдување, велат од локалната самоуправа./A.Д