„Тиквеш“ годинава ќе откупи повеќе грозје од лани!
Во Тиквешијата во полн ек е бербата на винското грозје. Во моментов се бери и откупува една од најзастапените вински сорти, вранец-кратошија. Без проблеми се одвива и откупот во најголемата винарија во земјава „Тиквеш“. Од таму информираат дека досега откупиле 25% од планираните 25.000 тони винско грозје.
Вранецот за 19 шеќерни единици се откупува по 13 денари за килограм. Винаријата има во план годинава да откупи 50 осто повеќе грозје споредено со лани.
– Освен зголемените количини за откуп годинава како резултат на добрите позиции на одредени пазари и потенцијалот што постои, ВВ „Тиквеш“ понуди и за околу 20% повисоки откупни цени на грозјето во однос на минатата година. За да ја зајакнеме соработката, годинава исплаќаме и надомест од над 40% над цената на грозјето на долгогодишните соработници со кои имаме договори за откуп. Целта е да се обезбеди повисок квалитет на грозјето кое ѝ го предаваат на винарницата, информираат од винаријата./А.Д