Изложба на олдтајмери во Кавадарци
Под покровителство на „Синалко“ и „Кожувчанка“ во Кавадарци во рамки на манифестацијата Тиквешки гроздобер беше отворена илозжба на олд тајмери. Изложбата се одржува по втор пат, а годинава имаше 44 учесници.
Организаторот вели дека целта на оваа изложба е да ги потсети постарите како некогаш изгледале нашите улици, помладите да се запознаат со мал дел од автомобилската индустрија на овие простори.
„Да побудиме спомени од првото седнување зад воланот, да побудиме спомени од првото семејно возило и семејните патувања и да споделиме некоја анегдота од минатото. За таа цел по втор пат ја одржуваме изложбата на олд тајмери. Годинава имавме голем интерес за учество, а веќе следната година можно е да учествуваат и вљубеници од старите воизла од поранешните ју републики. Шевролет фејтон е најстарото возило од 1926 година, џип филис од 1945 , опел капитен од 1941 година, фиат тополина од 1946.“ рече Митко Ташев од Кавадарци, организатор на оваа изложба која беше меѓу содржините на гроздоберот кои привлекоа најголемо внимание./А.Д