Прекугранична соработка на Кавадарци со грчката општина Делта
Проект вреден 120 илјади евра во прекуграничната соработка успешно имплементира општина Кавадарци во изминативе 18 месеци во соработка со општина Делта од Грција, младинскиот клуб на УНЕСКО од Солун и УМКА од Скопје.
Проектот се однесуваше на заштитата на животната средина и природните ресурси, сензибилизација и волонтерско учество на локалните заедници со цел подобрување на квалитетот на речните води и животот во меѓуграничниот простор. Во Кавадарци преку овој проект беа доизградени 900 метри од колектроскиот систем на реката Луда Мара. Денеска во Кавадарци се одржа инфо ден на кој беа презентирани досега реализираните активности од проектот пред претставници на невладини организации, разни институции и ученици од основни училишта од Кавадарци.
„Во рамките на проектот во Кавадарци беа изградени 900 метри од колекторскиот систем на реката Луда Мара со што решивме голем дел од еден голем еколошки проблем. Преку неколку еко работилници исто така го истакнавме значењето на здравата животна средина. За овој еколошки проект од Европската Унија добивме 120 илјади евра“ рече Тодор Ефремов, раководител на секторот за локален економски развој при општина Кавадарци./А.Д