Почина еден од учесниците во тешката сообраќајка во Кавадарци

Објавено на 23 септември, 2014 во 08:09

Почина дваесет и четири годишниот Орданчо Ј, возачот на моторциклот  марка хонда, кој синоќа удри во шеснаесет годишниот пешак и во автомобил марка „Лада нива“ што доаѓал од спротивна насока на улицата „Илинденска“ во центарот на Кавадарци. Со сериозните повреди здобиени во несреќата се борат и шеснаесет годишниот пешак како и дваесет и шест годишниот Д.М кој му бил сопатник на Орданчо. Тие се лекуваат на скопските клиники.

Сообраќајката се случи синоќа околу 18 и 20 часот кога  Орданчо кој додека го управувал моторциклот ,без регистерски таблички, удрил во пешакот, изгубил контрола и удрил во ладата која доаѓала од спротивна насока.

Веднаш по сообраќајката на сите тројца повредени им била укажана помош во кавадаречката болница. Поради сериозните повреди биле пренесени во скопските клиники.

Од увидот, што на местото на несреќата, го направија јавен обвинител од Кавадарци и увидна екипа од СВР Велес, ќе се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.