ДЗС донираше опрема за противпожарната единица во Кавадарци

Објавено: 12 јуни, 2020, во 13:18 часот

tppeКавадаречката противпожарна единица ја зголемува својата опременост. Доби донација во теренеско возило за дејствување при пожари и сообраќајни несреќи и останати технички средства неопходни при извршувањето на нивните задачи.  Благодарност за донацијата искажаа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и командирот на ТППЕ Кавадарци, Александар Чадамов.

 „ Денеска нашата ТПЕ добива сериозна донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Едно теренско возило,  џип,  опремено со пумпа за противпожарно дејствување и дејствување при сообраќајни незгоди. Исто така добивме  комплет ножици за дејствување при сообраќајни незгоди и пет пумпи за испумпување на вода и други пропратни елементи“ изјави градоначалникот Митко Јанчев на примањето на донацијата.

Тој нагласи дека сега противпожарната единица за разлика од пред три години е значително по подготвена за дејствување. Тимот е составен од 27 пожарникари но и опременоста е на значително повисоко ниво.

„Соработката  помеѓу дирекцијата за заштита и спасување  и општината доведе до брз развој,  односно опремување на еден од најважните сегменти,  односно противпожарната единица на Кавадарци. Со градоначалниците со кои имаме добра соработка резултатот е видлив. Материјално техничките средства се со највисок квалитет. ТПЕ Кавадарци спаѓа во републичките сили и се под ингеренција под Дирекцијата за заштита и спасување во моменти на големи катастрофи“ рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

Командирот на ТППЕ Кавадарци, Александар Чадамов посочи дека со новата опрема ќе имаат можност за побрзи интервенции и дека наскоро започнуваат обуки во кои ќе се користи новата опрема./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.