Приведени членови на избирачки одбори во Кавадарци за изборни нерегуларности

Објавено на 16 јули, 2020 во 19:18

policiska stanica kavadarci 32832899832

16.07.2020

Десетина  лица  вечерва се повикани на разговор во полициската станица поради сомнежи за организирање изборни нерегуларности. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски потврди  и најави повеќе детали за утре.

Според наши неофицијални информации, повеќе  лица, членови на избирачки одбори, инаку членови на ВМРО-ДПМНЕ го фотографирале избирачкиот список и го препраќале во вибер група на активисти на партијата. Потоа активистите имале задача да ги изнесат на гласање луѓето кои не гласале.

Фотографирањето на избирачки список е кривично дело исто како и сликањето на гласачко ливче./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License