Шест нови ковид случаи во Тиквешијата
Објавено: 8 октомври, 2020, во 12:06 часот
Продолжува да расте бројот на нови случаи инфицирани со Ковид 19. Нови шест позитивни лица од Тиквешијата се дијагностицирани последните 24 часа, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Петмина заболени се од Кавадарци, еден е од Неготино. Заболените се на возраст од 29 до 60 години.
„Двајца од заболените се хоспитализирани во болница. Еден од нив е на 42 години, а другиот на 60 годишна возраст. Сите имаат симптоми на вирусот. Двајца биле во контакт со позитивен, а останатите не знаат како се заразиле“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на контактите на новите заболени.
Во денешната статистика е евидентирано едно излекувано лице од Кавадарци.

А.Д


