Двајца ковид пациенти починаа во кавадаречката болница
Објавено: 10 ноември, 2020, во 11:02 часот
10.11.2020
Двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години хоспитализирани на ковид одделот во кавадаречката болница ја загубиле битката со корона вирусот, инфомираа од болницата.
Таму моментално се сместени 49 пациенти и има слободен уште еден болнички кревет.

“22 пациенти се на постојана кислородна поддршка, а на повремена се 15 пациенти. Од денеска го зголемуваме капациетот за уште 10 легла и ќе бидат вкупно 60 за третман на ковид позитивни пациенти со средно-тешка клиничла слика“ вели директорот на болницата д-р Диме Коцев.
Ангел Данов



