Иванова: Работиме за решавање на проблемите, заштитна опрема има во сите центри
1.12.2020
По објавувањето на веста за реакцијата на вработените во центрите за јавно здравје, под надлежност на велешкиот, се огласи и директорката Анастасија Иванова. Таа ги отфрла обвинувањата и вели дека причината за неисплатената прекувремена работа на вработените била во некомплетните извештаи
. Тврди, дека откако побарала од сите раководители на подрачните центри за јавно здравје да достават комплетни извештаи за прекувремената работа, добила само лист хартија со име и презиме и вкупно одработени часови.
„Не ја негирам нивната работа, но мора да се даде отчет за сработеното со документација“ вели Иванова.
Околу немањето на доволен број на возила, директорката појаснува дека тоа било поради не добрата грижа кон истите.
„Кога дојдов на функција сите возила ги однесов на технички преглед. Имаше исправни осум возила, но за кратко се расипаа уште три. Парите за поправки се истрошени од претходно“ одговара Иванова на обвинувањата од вработените, дека со 4 возила се користат пет центри за јавно здравје.
Во телефонскиот разговор ни рече дека денеска за прв пат слушнала дека вработените наместо каљачи, на нозете ставале најлон кеси.
„Лична заштитна опрема има доволно за сите . Како микробиолог не дозволувам да нема опрема за заштита. Потребно е раководителите да побараат и веднаш добиваат“ додава Иванова.
Раководителот на центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Трајче Ризов вели дека проблемите во центарот датирале од многу поодамна и од време на претходни раководства. Нагласи дека со директорката Иванова, се правеле напори за надминување на истите.
„Во разговор со директорката добив уверување дека заостанатиот надоместок за прекувремена работа ќе биде исплатен во погодно време, бидејќи се намалени материјалните средства, а намален е и дел од работата. Заштитна опрема има од секогаш. Состојбата со возилата актуелната директорка ја заткена таква, каква што е во моментов, но во разговор со неа дознав дека е направен план и приоритетно е да се сервисира возило по возило. Следниот месец ќе се пoправи и возилото на нашиот центар. Проблемот со покривот е присутен 30 години. Заедно со директоката планираме во наредниот период да стапиме во контакт со градоначалникот на Кавадарци и локалната власт “вели д-р Ризов.
Ангел Данов