Се полни и модуларната болница во Кавадарци

Објавено на 9 март, 2021 во 11:44

157884038 3803695159720721 4439117991469699282 o09.03.2021

Девет пациенти во изминативе 24 часа се хоспитализирани во модуларната ковид болница во Кавадарци. Започна да се полни капацитетот и на овој трет оддел, во кој се лекуваат пациенти позитини на корона вирус.

„Во моментов има слободни 26 болнички кревети од вкупно 95 со колку што располага нашата болница. Се лекуваат вкупно 69 пациенти“ – вели директорот д-р Диме Коцев. 

Тој апелира до граѓаните да ги почутуваат мерките за заштита, бидејќи работата со вирусот во Тиквешијата и понатаму е сериозна.

Во вчерашната статистика на ИЈЗ се евидентирани по 13 нови позитивни на корона вирус во Кавадарци и Неготино. Активни случаи во моментов во Кавадарци се 496, 304 во Неготино и 31 во Демир Капија./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.