Репризно прикажување на претставата„Тетовирани души“ пред кавадарчани
Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечерва, репризно пред кавадарчани ќе ја изведе претставата “Тетовирани души“ на текст на Горан Стефановски, а во режија на Александар Малинков.
Во претставата играат: Диме Боцев, Диме Коцевски, Сијче Трајкова, Милица Гочевска, Љупчо Настов, Ребека Малиминовска, Микица Илова, Видан Станоев, Сашко Орешков, Никола Колев Зезо, Бојанче Вангелов, Александар Видиков, Бранко Најдов, Костадин Прокопов, Димитар Илов, Ана Ефремова, и Методи Глигоров.
Музичките изведби во претставата се на Пепи Ангелов и Зоран Станоев. Настап има и Балетско студио „Венус“.
Во претставата инспициент е Марјан Тодоровски, додека костимографијата ја изработи Сара Милевска и кореографијата Ана Балова. Сценографијата е на Александар Малинков. Суфлер, гардеробер и реквизитер Благица Илиева, сценска техника Диме Темков. Дизајнот на плакатот го подготви Билјана Соколова Тодоровска.
Претставата “Тетовирани души“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Кавадарци.
Репризното прикажување,вечерва, 15 јули, започнува во 20 часот.
Влезници за претставата по цена од 100 денари ќе бидат во продажба на билетарницата на Домот на културата еден час пред претставата , поточно од 19 часот.
Поради пандемиските мерки за затворен простор публиката задолжително треба да носи заштитни маски.
Убавка Јаневска