Казна од 20.000 евра за Оранжерии Градско, за испуштање мазут во Вардар

Објавено на 30 јули, 2021 во 14:42

Мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви на Оранжерии Градско, констатира Државниот инспектор за животна средина .

Инспекцијата била направена по пријава од граѓани којшто ја забележал излеаната темна дамка во реката Вардар кај Градско. Државниот инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско, информира Инспекторатот.

– Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води.  Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад, соопштија од Инспекторатот.

По извршена контрола инспекторите утврдиле дека правното лице има постапено по наредбата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.