Казна од 20.000 евра за Оранжерии Градско, за испуштање мазут во Вардар
Мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви на Оранжерии Градско, констатира Државниот инспектор за животна средина .
Инспекцијата била направена по пријава од граѓани којшто ја забележал излеаната темна дамка во реката Вардар кај Градско. Државниот инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско, информира Инспекторатот.
– Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води. Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад, соопштија од Инспекторатот.
По извршена контрола инспекторите утврдиле дека правното лице има постапено по наредбата.
Убавка Јаневска