Казнети 29 шофери за брзо возење на територија на СВР Велес
Објавено на 14 февруари, 2022 во 10:39
На територијата на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 29 возачи.
-Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму апелираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.