Ќе се враќаат земјоделските задруги за окрупнување на производството и поголема конкурентност на домашниот пазар (фото и видео)

Објавено на 17 февруари, 2025 во 18:26

Земјоделско здружување на македонските производители за поголема конкурентност на пазарот, пласман на производите во маркетите и можност за зголемување на добивката од која сега голем дел оди кај прекупците. Тоа може да им понудат задругите на индивидуалните земјоделски производители во Македонија. Оваа форма постоеше во поранешна Југославија и сеуште се практикува во некои од поранешните Ју држави. Се прави обид да заживее повторно и во нашата држава со концепт за модерно, конкуретно и извозно ориентирано земјоделство.

Владата финансиски ќе ги помогне земјоделските задруги, рече министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој денеска присуствуваше во Велес на презентација и промоција на можностите за финансиска поддршка за земјоделските задруги кога соопшти дека годинава министерството во програмата за рурален развој има обезбедено средства за распределба преку јавен повик во делот на инвестиции за секоја регистрирана задруга којшто ќе се објави наскоро.

Според Трипуновски соработката со Македонската асоцијација на земјоделски задруги и брзата реакција на Министерството придонесле за позитивен исход кој резултира со изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и за враќање на довербата кон земјоделските задруги.

ЕУ Амбасадорот  во земјава Михалис Рокас присуствуваше на денешниот настан во Велес и даде поддршка за македонските земјоделци.

Менде Трајковски претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, соопшти дека во државата сега постојат околу 60 – тина земјоделски задруги.

Моме Младеновски е претседател на Земјоделска задруга „Еко овчеполка“ која се занимава со заштита и одгледување на домашната автохтона раса „овчеполска праменка“. Задругата функционираат од 2019 година и се поддржани од фондовите на Европска Унија. Членови одгледувачи на овци биле за да стекнат нови искуства во Франција, Шпанија, Италија и Словенија. Сега “Еко овчеполка“ бара опрема за подготовка  на традиционалното  овчеполско сирење,со што ќе се заштити традицијата.

-Работиме на унапредување на расата,од 200 јагниња пред 17 години веќе стаигнавме до околу 15 илјади овци.Сега развивме нова одгледувачка програма за „Овчеполската праменка“ од 2024-2034 година согласно Законот за зоотехника со кој комплетно се  е усогласен со промените на ЕУ,потецира Младеновски.

Младеновски соопшти дека од двата актуелни проекта на Европска Унија тие добиле средства за модернизација односно за машинско  молзење на „овчеполските праменки“. Со што за првпат по многу години повторно воведуваат машинско молзење на овците кај автохтоните раси.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.