Колев: Делото на светите Кирил и Методиј е вечно и обединува (фото и видео)
Делото на светите Кирил и Методиј е вечно и обединува. Тие се едни од најважните личности во создавањето на словенската азбука со која како корен се растегнува писмото на словенските народи. Со создавањето на глаголицата, Светите Кирил и Методиј ја поставиле основата на Кирилицата на која се заснова македонскиот јазик и македонскиот идентитет, рече градоначалникот Марко Колев на денешната свечена академија во големата сала на Општина Велес.
Одбележувањето на празникот 24 мај, денот на Сесловенските провестители Свети Кирил и Методиј, им ги донесе наградите на најдобрите ученици во Општина Велес. Годинава тоа се Христијан Саздовски од општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов” и Ана Бошкова, ученичка во втора година во Средното општинско училиште “Гимназија Кочо Рацин”.
Општина Велес годинава по првпат востанови натпревар за ораторски вештини на средношколци на тема: „Словото – исконска светлина!“. Наградата оратор на Општина Велес за 2023 година ја доби Јана Пљокова.
Свечената академија заврши со уметнички мозаик во кој учествуваа камерниот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ под диригенство на професор Славица Ставрева.
Потоа Кристијан Саздовски, Стефан Николовски и Сандра Танчева со драмски перформанс насловен „И би светлина“.
Музичкото дуо – Сашко Костов и Орхидеја Дукова со специјален гостин, кој тропа на тапан Христијан Саздовски.
За крај, настапија најмалите насмеани Анабелки.
Стефани Манева